LJUBAV, SMRT I SNOVI
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

LJUBAV, SMRT I SNOVI

Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
 
PrijemTražiRegistruj sePristupi
LJUBAV, SMRT I SNOVI - Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto
Tema "Za goste i putnike" - otvorena je za komentare virtuelnih putnika. Svi vi koji lutate netom ovde možete ostaviti svoja mišljenja o ovom forumu, postaviti pitanja ili napisati bilo šta.
Svi forumi su dostupni i bez registracionog naloga, ako ste kreativni, ako volite da pišete, dođite, ako ne, čitajte.
Molim one, koji misle da im je nešto ukradeno da se jave u temama koje su otvorene za goste i putnike, te kažu ko, šta i gde je kopirao njihovo.
Rubrika Erotikon je zaključana zbog dece i net manijaka, dozvolu za pristup tražite od administratora foruma !

 

 Pricam poezijom

Ići dole 
AutorPoruka
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime27/6/2011, 1:26 pm

ДОБРА ВЕЧЕР

Добра вечер песно
вечерва твој сум гостин,
послужи ме со црно мастило,
перо што желно ме ѕирка.

Папирус заборавен чека,
чека на моите рапави раце,
искривени,неми прсти без стих
скриени во срцето самовилско.

Ме покани радост да ти бидам
вечерна песна со зборови свирам,
љубовни приказни за мил напишам
твојот заборав во стихови претворам.

Тука сум,не заборавена од ноќите
што од тишината мисла крадам
прегрната од темнина и свеќи запалени
песна што од твојот збор се роди.


...И уште еднаш благодарам што ме
покани,
ти,ти песно што не ме остави и
заборави.
Биди ми и ти гостин.Ќе
бидам добар домаќин.

Даница Петровска-Дани `09`

Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime27/6/2011, 2:15 pm

ЖЕНА ПТИЦА


Ги прелетав сите синила,
бистри реки, езера,
ридови,планини,
но,никогаш во твојата душа.
Бев близу до сонцето,
ги освоив пустинските ветрови,
слетав во длабочини,небесни височини
но,никогаш во твоето срце.

ГИ СКРШИВ КРИЛЈАТА.

Даница Петровска-Дани `08`


Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

meseceva rosa

Ženski
Broj poruka : 7795
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime27/6/2011, 6:42 pm

Tek kada pronadjemo rec koja ce premostiti misao i osecaj,
tek kada osetimo tu rec kao sto osecamo mnogo onog
neopisivog u nama, tada cemo, mozda, saznati sta je zaista ljubav.
Za sada takve reci jos nisu pronadjene, mi jos uvek neznamo osecati
osecaje drugih, mi neznamo kako drugi vide crvenu boju, neznamo
sta drugi cuju dok slusaju muzuku.
Mnogo toga neznamo, iako nam se cini da znamo.
Galija nasih stanja je cesto nopisiva recima, lakse se izrazava
muzikom ili bojama, a kakav trag ona ostavlja u drugome je neuporedivo
s onim sto mi osecamo izrazavajuci osecaj.
...Filozofija ljudske duše je jos uvek u povojima, ali je predivan
osecaj dok citamo necije misli koje nas doticu, i naslucujemo osecaje
duse koja ih je pisala.
Moju si dusu zagolicala DANI.

____________________________________________
Тамо где је љубав никад није мрак...
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/6/2011, 10:36 pm

Hvala meseceva rosa za tvoj predivan osvrt,onako dodjemi ko recenzija...Ljubim Pricam poezijom 909834
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/6/2011, 10:38 pm

П О С Т О Е Њ Е

ПРВО ПОСТОЕЊЕ
„Сакам да сум во мојот свет.“
-Кој е твојот свет?.
„Да се ослушнам себе си“.
-Значи дека постоиш.
„И само еден чекор ќе исчезнам„.
-Ти постоиш.
„Каде сум јас“?
-Не знам, пронајди се.

ВТОРО ПОСТОЕЊЕ
-Продолжи.
„Болка во градите„.
-Исплачи се.
„Болката е се уште тука“.
-Каде си?
„Не знам ,пронајди ме.
ТРЕТО ПОСТОЕЊЕ
„Дали си тука?“
-Да ,јас секогаш сум тука.
„Замини“.
-Ти ме покани.
„Доволно си тука“.
-Убаво ми е во тебе.
„Доволно е таго моја„
-Доволно е.
ЉУБОВТА ЧУКА ВО МЕНЕ
-Јас заминувам.
„СЕГА ПОСТОЈАМ!ЉУБОВТА Е ВО МЕНЕ„ .



Даница Петровска-Дани „06“
Nazad na vrh Ići dole
Najda M.

Najda M.

Ženski
Broj poruka : 5067
Datum upisa : 12.10.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/6/2011, 10:43 pm

DANI ::
П О С Т О Е Њ Е

ПРВО ПОСТОЕЊЕ
„Сакам да сум во мојот свет.“
-Кој е твојот свет?.
„Да се ослушнам себе си“.
-Значи дека постоиш.
„И само еден чекор ќе исчезнам„.
-Ти постоиш.
„Каде сум јас“?
-Не знам, пронајди се.

ВТОРО ПОСТОЕЊЕ
-Продолжи.
„Болка во градите„.
-Исплачи се.
„Болката е се уште тука“.
-Каде си?
„Не знам ,пронајди ме.
ТРЕТО ПОСТОЕЊЕ
„Дали си тука?“
-Да ,јас секогаш сум тука.
„Замини“.
-Ти ме покани.
„Доволно си тука“.
-Убаво ми е во тебе.
„Доволно е таго моја„
-Доволно е.
ЉУБОВТА ЧУКА ВО МЕНЕ
-Јас заминувам.
„СЕГА ПОСТОЈАМ!ЉУБОВТА Е ВО МЕНЕ„ .



Даница Петровска-Дани „06“
Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247

____________________________________________

Bog nam je podario Veru , Ljubav i Nadu...
Na nama je da pronađemo smisao tog dara.

Najda M.  
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/6/2011, 10:45 pm

М А Г И Ј А
Три темно црвени рози,
три бакнежи во вино ќе потопам,
три денови до мое вљубено срце ќе ги чувам
со циганска магија ќе те заробам.
Гатачка,магесничка не сум,
но ,за љубов твоја се ќе сторам,
ќе ги повикам сите чувари на љубовта,
ритуал со магични свеќи ќе направам.
Мојата душа во огин ќе ја оставам,
во вечна темнина ќе се заробам
само твоја љубов да ја добијам
мој сакан,љубен да бидеш.




Даница Петровска „07„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/6/2011, 10:48 pm

Hvala Strelica Pricam poezijom 351161
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/6/2011, 10:53 pm

Ц И Г А Н С К И
С О Н


Ја газат калта,леплива и црна,
но здрави се.
Велиме:

Господ ги чува циганите.
Им дал големи усни за смеење,
долги раце за крадење.
Свират музика...нивна циганска,
весела песна.
Свадба ќе прават,
млада Сабина ќе ја мажат.
Добро јадење ќе има.
Јагнешко печено,
ракија топла,
леп под вршник печен,
права гозба ќе биде.
Музика трепери
низ Средорек црн.
Матната река се разбурка
од тапани и радост.
Цигански сон се сони
да бидат најадени,напиени,
а утре е нов ден,
мислат што ќе јадат и пијат,
украдат па да продадат.
Денес има леб,компир,
ќе се јаде,
голема гозба ќе биде.
Сити се...повторно песна се пее.
Утре е нов ден,
нов кал за газење,
но ,реката е тука,
ќе се измијат,исперат.
Вечер,месецот ќе се искачи високо,
Фатмир слатки сништа ќе сони.
Тазе печен леб ќе има
и Сабина со четири,
мили,црни деца.



Даница Петровска „07“
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 10:49 pm

A ja ponekad imam inspiraciju i za vakve pesme Very Happy

КЛАДЕНЕЦ

Цути ружа мирисна
млада мома ја набрала
во долга коса ставила
украс црвен што мириса.

Млада мома низ село прошетала
студена вода од кладенец дома да донесе
на стара мајка бистра вода да однесе
жедна уста накваси,бел леб да замеси.

Жешко сонце мома ја излажа
свилена кошула раскопча
гради ,галеби бели покажа
моминска песна за љубов запеа.

Зад грмушки момче калешо
млада мома ја здогледа
очи желни од нејзе не тргна
убава мома од Господ подарена.

Јато јаребици го издаде
млада мома како јаребица се сокри
зад грмушки густи зелени
студена вода од канатче истури.

Еј,ти младо моме убаво
што бегаш,што се криеш
од мои очи желни ти бегаш
покажи бели гради што ги криеш.

Твојата коса од ружа по мирисна
ех да сум вода,твои гради да ги мијам,
капка студена вода, твоја жед изгаснам
твоите боси нозе да ги измијам.

Даница Петровска
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 10:51 pm


МОМИНСКО ОРО

Млади моми во оро се фатиле
моминско оро играат и пејат,
млади ергени под око гледаат
со усни медени скришум им се смеат.
Цвет мирисен во коси им спие
елек везен гради им крие,
свилена кошула мека кожа им прекрива
шарени чорапи бели нозе им сокрива.
Млади ергени желно ги гледаат
најлична Елена со поглед ја следат,
најубава мома што во оро игра
песна и пеат моме младо чија си.

Даница Петровска „09„
Nazad na vrh Ići dole
Najda M.

Najda M.

Ženski
Broj poruka : 5067
Datum upisa : 12.10.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 10:51 pm

DANI ::
A ja ponekad imam inspiraciju i za vakve pesme Very Happy

КЛАДЕНЕЦ

Цути ружа мирисна
млада мома ја набрала
во долга коса ставила
украс црвен што мириса.

Млада мома низ село прошетала
студена вода од кладенец дома да донесе
на стара мајка бистра вода да однесе
жедна уста накваси,бел леб да замеси.

Жешко сонце мома ја излажа
свилена кошула раскопча
гради ,галеби бели покажа
моминска песна за љубов запеа.

Зад грмушки момче калешо
млада мома ја здогледа
очи желни од нејзе не тргна
убава мома од Господ подарена.

Јато јаребици го издаде
млада мома како јаребица се сокри
зад грмушки густи зелени
студена вода од канатче истури.

Еј,ти младо моме убаво
што бегаш,што се криеш
од мои очи желни ти бегаш
покажи бели гради што ги криеш.

Твојата коса од ружа по мирисна
ех да сум вода,твои гради да ги мијам,
капка студена вода, твоја жед изгаснам
твоите боси нозе да ги измијам.

Даница Петровска

Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247

____________________________________________

Bog nam je podario Veru , Ljubav i Nadu...
Na nama je da pronađemo smisao tog dara.

Najda M.  
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 10:52 pm

КАДЕ СИ БИЛА

Каде си била убава девојко
што цел свет прошетав
што мое око не те видело
каде си била,каде си се крила

Дали на сонце ти сестра си
дали на ѕвезди ти водилка си
дали на месец ти тајна си
дали ден и ноќ ти едно си.

Од сонце ти посветла си
од ѕвезди нај лична си
на месец ти тајна си
ден и ноќ ти едно си.

Даница Петровска „09„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 10:53 pm

Hvala Strelica hepi
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 10:57 pm

ЦРНО ГРОЈЗЕ

Црно грозје береш
со нозе боси го газиш,
вино црно ќе се пие
магија со боси нозе ми фрлаш.

Што не сум грозје црно
твои боси нозе да ме газат,
вино црно да сум да ме испиеш
рани љубовни од срце излечам

Што клетва љубовна ти ми фрли,
со очи да те гледам,со раце не допирам,
со душа да те сакам,
со болно срце од љубов по тебе изгорам.

Даница Петровска „09„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 10:59 pm

Б О Л Н О М О М Е

Лежи болно моме
на постела бела,
три години,
три рани на срце отворени.
Сите велат:
Од тешка болест е болна,
лек за неа нема.
Мајка,лековити билки
од планина донесе
сите гатачи ги викна.
Мајко тажна!
Мајко мила!
Ниту лековити билки ми носи,
ниту гатачи ми викај.
Јас три години болна
на постела лежам
за либето мое што го сакам.
Повикај три соколи,
нека го донесат,
нека ме прегрне,
трипати ме бакне.
Од првиот бакнеж
мојата душа среќна ќе биде.
Од вториот, третиот бакнеж
моите рани излекувани ќе бидат.

Петровска Даница „02„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:00 pm

К И Л И М

Три години,
три рани на срце носам
од килим не доткаен,не довезен,
три змии на срце лежат,
отрови душата ја трујат,
моето либе кај друга мома
бели гради милува, усни бакнува
песна весела пее.
Колку години
килимот ќе остане
не доткаен, не довезен,
колку години
мои гради нема да ги милува
усни не бакнува
песна нема да ми пее.
Поминаа години
моето либе не се врати,
килимот остана
не доткаен, не довезен
белите гради свенаа,
усни пресушија, коси обелеа,
празна душа плаче тажна песна пее.

Даница Петровска „02„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:06 pm

С Р Е Д Б А


-Пријател мој стар
каде одиш,каде со мисла тажна,
каде со седа коса?
-Ах,пријател мој,
како каде одам,се знае во староста моја
седа коса зборува за маките мои.
-Пријател мој стар
каква мака те најде
каква тага те збра?
-Ах пријател мој
ми одлета младоста
ми долета староста.
Не можам да јадам,пијам
сал седам дома со моја стара жена
внучиња чувам и ги гледам.
-Неблагодарен си,
неблагодарен ќе останеш,
што има поубаво жена да имаш,внуци да гледаш?
Пуст стар ерген останав
сам сум сред зидишта бели,
а кога ноќта падне од своја сенка се плашам.
Сега сум стар,болен,сенилен
никој не ме сака,никој порта не допира,
со никој збор не прозборувам усни се слепија.
-Ах пријател мој стар
ти имаш поголема мака од мене,
јас старец,сенилен,што уште сакам,се имам до себе.
...Тој својата вина ја призна
погледна во небото,трипати се прекрсти
господ прочка да му даде,мирен сон сонува.

Даница Петровска „97„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:06 pm


В Е З И Л К А

Срма бела,златен конец
весели прсти момински
кошула златна везат
усни весела песна пеат.
Подари ми Господе среќа
на сон најубаво момче сонив
очи зелена ливада,коса жито златно
усни медени мои усни бакнува.
Од моја свилена коса кошула везам
најубаво момче во неа облечам
срма бела,златен конец
љубов доаѓа, весела песна пеам.
Мое младо тело со усни медени бакнува
бели гради милува,усни целува
мои боси нозе во утринска роса измие
венец од рози мои сништа прекрие.
Кошула везам
гледам ден нов се раѓа
син облак,златно сонце доаѓа
песна пеам не заспивам.
Подари ми Господе надеж
најубаво момче на порти ми затропа
кошула извезена му подарам
негови раце ме милуваат,усни медени ме бакнуваат.

Даница Петровска „08„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:08 pm

Т У Ѓ И Н А

Доме мој,куќо стара
еве сум,тука сум,
се уште ме чекаш да се вратам
од туѓина пуста,туѓина клета.
Домаќинке моја мила!
На прагот трошлив и стар
ме дочека со бела марама на глава,
во твои рацете погача бела
својот домаќин го дочека.
Опинци кожни на бели нозе,
чорапи шарени,на нив цветови извезени,
во очи зелени гори,
образи црвени како роза.
На вратот ѓердан виси
од златен конец исплетен
гради два бели галеба
скриени под елек навезен.
Со погача бела и вино црвено
свој домаќин дочека,
на дрвена маса свеќа догорува,
ти постела бела спремаш.
Зошто ти е погача бела
кога имаш лице бело,
зошто ти е вино црвено
кога имаш образи црвени.
Јас во туѓина долги години бев,
бел свет видов,
но како тебе моја домаќинке
никаде не најдов.

Даница Петровска „07„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:09 pm


Ѓ Е Р Д А Н

Монистри едни до други,
ѓердан шарен нанижан
бело грло ѓердан краси
моме убаво чија си.

Зошто ти е ѓердан шарен
твое грло како галеб бел
од Божји раце извајано
за мене дар подарено.

Твоите очи од монистри поубави
сјај во нив трепери
ѕвезди љубоморно го следат
по сјајни ѕвезди од очи твои не гледаат.

Штом сонцето го буди денот нов
усни црвени јас да љубам
бело грло милувам да се радувам
магија од бакнежи ти подарам само моја да си.

Даница Петровска„08„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:11 pm

П И С М О

Во раце треперливи
збрчкани од години долги
стуткано,пожолтено писмо
избришано мастило,букви замаглени.

Од капки солзи ли се,
или дождот ги испрало
можеби сонце ги испржило,
или време букви замаглило.

Долги години низ писмо исткаени
живот,искушенија насобрани,
тажен поглед,солзи исушени
треперат усни, писмо читаат.

„Мила мајко,мили татко
долги години изминаа
туѓина клета невеста ми стана
студот душа,срце ми закова.

Железни окови ми стави,
темни денови,сонце не изгрева,
дали кај вас сонце грее
или темнина во срце ви царува.

Илина, тагува ли по мене
име дали ми спомнува
ме чека ли под оревот стар
кошула за дар ја навезе ли.

Класјата дали се нишаат на ветрот,
златно жито го жнеевте ли,
во поток брз дали кошули испра,
птиците пеат ли во летните ноќи.

Татко,нива дали насеа
коски стари го служат ли,
помал брат нека му помага
тебе мајко студена вода од бунар да донесе.

Другари дали на собор одат
невести млади под око гледаат ли
Стевче,се ожени ли за Мара
невеста во куќа прибра ли.

Длабока ноќ се спушти
свеќата скоро догорува,
сега само месецот свети
по некоја ѕвезда трепери.

Повторно јас писмо ќе напишам
штом пари за мастило соберам
најубава бела хартија ќе купам
поздрав од туѓина ви испратам.

Каде и да сум,со кого и да сум
мила мајко,мили татко во срце ве чувам,
парче света земја во душа јас носам
небо сино на него сонце изгреано.„

Изминаа години, писмо не стаса
дали хартија не купи или мастило пресуши,
стара мајка болен татко лекува
син во туѓина вечно остана.

Даница Петровска „08„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:16 pm

Љ У Б О В Н А М А Г И Ј А


Бели пеперутки летаат
самовили весело оро играат
млада невеста на кладенец излегла
вода да наточи сува уста накваси.

Тивка музика од ветрец се слуша,
шепоти шумата,гранки за блага молитва спремат
млада невеста благослов и дадат
младо момче што го љуби,срце,душа од љубов изгори.

Млада мома нажалено гледа
тажни зборови зборува сочени солзи рони
што пари нема венчален фустан да спреми
што пари нема весела музика да завири.

Не тажи момо убава ,ти солзи не рони
пеперутки на твоето тело ќе слетат
венчален фустан од бели крилја сошијат
ветер музика од твои долги коси ќе свири.

Сите пеперутки долетаа,бел фустан сошија,
ветер со долга коса се игра,волшебна,тивка музика
самовили весело оро заиграа,младо момче намамија
љубовна магија во млади срца засадија.


Даница Петровска„08„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:19 pm


ИЛИЈА

Иле,Иле,Илија
ти пуст си мераклија
за чаша лута ракија.
Нагости ти ми дојде
на чаша лута ракија
мене под око гледаш .
Мори моме убаво
не дојдов за чаша лута ракија,
туку дојдов тебе да те видам.
Иле,Иле,Илија
не си човек за мене,
цели ноќи во меана пиеш дома не одиш.
Се заради тебе моме убаво
ниту ракија ќе пијам ниту меана ќе одам
тебе да те земам невеста дома одведам.

Даница Петровска `07
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:20 pm

МОМИНСКО ОРО

Млади моми во оро се фатиле
моминско оро играат и пејат
млади ергени под око гледаат
со усни медени скришум им се смеат.

Цвет мирисен во коси им спие
елек везен гради им крие
свилена кошула мека кожа им прекрива
шарени чорапи бели нозе им сокрива.

Млади ергени желно ги гледаат
најлична Елена со поглед ја следат
најубава мома што во оро игра
песна и пејат моме младо чија си.

Даница Петровска „09„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:21 pm

О Р О


Оро,оро весело,млади моми во него,
се разиграле,се распеале,
за млади ергени елек раскопчале
под кошула бела галеби распуштиле.
Долги мирисни коси расплеле,
та ниту еден цвет поличен од нив не е,
да можат ергени млади да намамат, во оро се фатат,
да можат песна да им запеат, срце им заробат.
Млади ергени бели галеби под око гледаат,
расплетени коси мирисаат ветрот го благословуваат,
дувни,дувни посилно,тенок фустан подигни
момински нозе покажи, кое ли оро за нас играат.


Даница Петровска „09„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:24 pm

Наречници

На свет дојдов со Божја волја
отворив очи во нов живот,
над глава три наречници
судбината моја ја кројат.
Првиот наречник:
`Добрина ти подарувам.`
Вториот наречник:
`Со чиста душа те опсипувам.`
Третиот наречник:
`Трошка среќа ти дарувам.`
Годините изминаа...
пораснав од мајчино млеко
со Божја волја здрава и жива
со чесна и добра душа.
Од првиот наречник:
добрината не ме послужи
живеам во свет на гладни волци
ме растргнаа,ми глодат коски.
Од вториот наречник:
мојата душа камен се стори...
не верувам никому,од сенка им бегам
лица со многу маски ме гонат.
Од третиот наречник тоа порака било:
Ако трошка среќа имаш
зошто ти е твојата добрина,
зошто ти е твојата чистата душа.

Даница Петровска

Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:26 pm

Бегалка

На чардак стар
седи млада мома,
набелена,накитена и намирисана,
во раце и везило шарени цветови везе.
Од далеку на бал коњ
иде младо момче калешо,
здогледа млада мома
набелена,накитена и намирисана.
„О,ти младо моме убаво ,чија си,
за кого дарови спремаш,
на кого среќа му носиш
набелена,накитена и намирисана ?“
Млада мома жално воздивна,
од око солза тажна потекна
лице бело со везило сокри
со солзи шарени цветови натопи.
„Јас сум млада натажена мома,
набелена,накитена и намирисана
за човек што не го љубам,
пуста судбина,за старец ќе одам.
Проклети да се мајка ми и татко ми,
за пусто злато и дукати моја младост дадоа,
злато,дукати ќе бројат,ќе им се радуваат,
на старец моја убавина продадоа.
„О,ти младо моме убаво,
појди за мене,биди ми невеста,
јас немам ни злато ни дукати,
имам јуначко срце,богата душа“.
„Младо момче убаво, јас бегалка ќе бидам,
своја младост и убавина на старец не давам,
мое лице бело за злато и дукати не продавам
мојата младост со катанец не заклучувам“.
`О,ти младо моме убаво,
биди моја љубов,биди ми се на светот,
ќе ми родиш два сина јунака,
ќерка полична од ангели на небо.“
„Ти,младо момче убаво,
јунаку мој,судбина сум твоја,
ќе бегам за тебе,верна љубов ќе сум
синови и ќерка ќе ти изродам среќен ќе бидеш“.


Несудено везило остана не довезено,
злато и дукати пусти нека се,
судбината на младите вечна нека е,
среќа и љубов од Господ подарени.


Даница Петровска
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime21/7/2011, 11:28 pm


ОРО

...Дали знаеш ти другар Цветане
една песна весела и разиграна,
песна за моми убави запееме ,
со млади моми рака под рака да играме.
Мерак имам до најлична Елена,
да ја погалам по раце убави бели
да гледам во тие очи зелени
да изнудам бакнеж од усни медени.
Тие гради под елек сокриени
коса црна во плетенка исплетени
само еднаш во лице бело погледнам
кај мајка стара однесам радост донесам.
Оро весело нека се вие
оро од најлични моми и ергени
мома Елена јас дома ќе однесам
на стар татко усни распеам.

Даница Петровска `10`
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:08 pm

Б О Е М

Лулај се лулај улицо долга
не знам дали е од вино
или љубов што ме напушти.
Од првата,втората,третата
сум ѓавол,голем џин
од останатите сум весел
песни пеам.
Сега сум силен,цврст,
се можам што ќе посакам,
полесно ќе те заборавам
од срце ќе ти кажам
што ми лежи на душата.
Но,љубов моја
погледни во боемот.
Ќе видиш матни очи,
треперливи раце,
пламено срце,вљубена душа.
Утре кога волшебната напивка
ќе исчезне не прашувај зошто сум се напил
туку цврсто прегрни го боемот
што љуби и љубов бара.

Даница Петровска „96„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:09 pm

С А К А М

Сакам моето тело
во златна свила го облечеш
црвена пантлика на тенка половина
црна коса во плетенка исплетеш.
На глава венец од шарени цветови
мои боси нозе во река измиеш
на зелена ливада постела спремиш
птици ќе пеат, ќе се веселат.
Нежно ме допирај по бедрата
со сласт патувај по моето тело
гради милувај,нежно, сочно бакнувај,
сакам да изгорам од љубов,допир твој.
Милно, нежно ќе те гледам
со усни црвени ќе те излажам
со очи црни ќе те намамам
раце синџир околу врат ќе ти ставам.
Ќе те успијам со песна
со сјајни ѕвезди прекријам,
скришум ќе влезам во сонот твој
сакам вечно во вечноста да бидеш мој.

Даница Петровска „07„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:10 pm

Р А М К А

Во рамка избледена,
искината слика,
изминато детство
во црно бела нијанса.
Во слика детска насмевка,
радост блика од искрени,
среќни, кафеави очи
среќно детство изминато.
Рамката се скрши,
остана слика без рамка
искрени,кафеави очи
гледаат изминато, среќно детство.

Даница Петровска „05„


Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:10 pm

Д В А Н А Е С Е Т

Дванаесет кралици
сокриени во ѕвезденото небо,
недопрени,
чисти.
Во срце музика допира
од косите на девица,
претопена од љубов
слатка,мила.
Јас заспав...
Блескава месечино
светлина во ноќта
покажи го патот
на дванаесет кругови,
дванаесет кралици.
Во нив тајна се крие,
вечен огин гори,
бурни води скротува
со земјана прав живот раѓа.
Дванаесет кралици
сокриени во ѕвезденото небо
недопрени,чисти
за вечност порака праќа.

Даница Петровска „06„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:11 pm


П А Т Н И К

Уште еден заскитан патник
куфери полни со илузии,фантазии,
добредојдени сте во мојот свет
патник сум,патувам низ времето.
Сакате илузии,
со прсти ќе пукнам и тука се,
сакате фантазии,
о,слатки фантазии,шарени марами,розови сништа.
Илузии,фантазии,ќе додадам и магија,
вашите желби се моја заповест,
вашите соништа моја илузија,фантазија,
магија ќе додадам,ќе исчезнам ,од сон се разбудам.

Даница Петровска „07„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:11 pm


В И О Л И Н А

Осамена виолина со години не допрена
во раце на виолинист стар
нежни звуци повторно се шират
зборува за љубов,спомени драги.

Занесено со љубов свири
виолина спомените ги враќа
натечени прсти пораз не признаваат
љубов ,спомените го водат,долги години изминати.

Срце раскажува љубовна приказна
само глуво срце не може да чувствува
очи без солзи да не заплачат
душа камен да е ќе препукне.

Виолина има срце,душа
во раце на виолинист стар
се разгорува страст,зборува за љубовта
спомени драги врежани во вечноста.

Даница Петровска „07„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:13 pm

Ч Е К А Њ Е

Го чекам денот
да се раздели од ноќта
прегрнувајќи ја реката,
опиена од убавина јас сонувам.
Вечната река ги носи сништата
јас чекам небесен дожд,
да ги измие моите солзи
изгорена душа да разлади.
Ја чекам ноќта да заспијам
спокојна од бурна љубов
сонувам нов ден, радост ми донесе.

Даница Петровска„07„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:14 pm

Љ У Б О В Н А Г Е Ј Ш А



Старо вино,
боја на твоите црвени образи,
ќе ги испие,опие, за да не се сеќава,
твојата бела кожа личи на млеко,
очи црни рибизли,усни цреши вкусни,
ѕвездите,месецот се радува
тој твоето тело го гали,милува,
срамежлива од љубовна страст
сокриена зад бамбусот висок милно се смееш,
ја играш играта на разиграна пеперутка,
ќе се замориш,ќе заспиеш во неговата прегратка,
на усни насмевка,спокојна од бурна љубов,
разголени страсти,љубов не заборавена.

Даница Петровска „08„
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:14 pm

Т И Ж Е Н О

Ти,жено,намирисана со утринско уживање,
желно расплетуваш долги коси
размрсени од ветрот на моите сништа
повторно го чекаш месецот
да ги осветли твоите голи гради,
испукани усни,сочни со миризба на рибизла
желни за љубење,бакнежи.
Ноќта ги слуша нежните воздишки
проткаени со блажена болка,
се моли за милост
вљубувајќи се
во твојата светлосна убавина.
Реката се радува на твоето голо тело
гладна за твојот љубовен пот.
Заспиј,
сонувај разголени страсти,
самовили кои те носат до моите одаи
намирисана со утрински копнеж.


Даница Петровска „08“

Nazad na vrh Ići dole
Najda M.

Najda M.

Ženski
Broj poruka : 5067
Datum upisa : 12.10.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime29/7/2011, 11:15 pm

DANI ::
Т И Ж Е Н О

Ти,жено,намирисана со утринско уживање,
желно расплетуваш долги коси
размрсени од ветрот на моите сништа
повторно го чекаш месецот
да ги осветли твоите голи гради,
испукани усни,сочни со миризба на рибизла
желни за љубење,бакнежи.
Ноќта ги слуша нежните воздишки
проткаени со блажена болка,
се моли за милост
вљубувајќи се
во твојата светлосна убавина.
Реката се радува на твоето голо тело
гладна за твојот љубовен пот.
Заспиј,
сонувај разголени страсти,
самовили кои те носат до моите одаи
намирисана со утрински копнеж.


Даница Петровска „08“


Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247

____________________________________________

Bog nam je podario Veru , Ljubav i Nadu...
Na nama je da pronađemo smisao tog dara.

Najda M.  
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime28/9/2011, 4:04 pm

DANI ::
ЦРНО ГРОЈЗЕ

Црно грозје береш
со нозе боси го газиш,
вино црно ќе се пие
магија со боси нозе ми фрлаш.

Што не сум грозје црно
твои боси нозе да ме газат,
вино црно да сум да ме испиеш
рани љубовни од срце излечам

Што клетва љубовна ти ми фрли,
со очи да те гледам,со раце не допирам,
со душа да те сакам,
со болно срце од љубов по тебе изгорам.

Даница Петровска „09„


Jedan stih ove moje pesme nalazi se na na etiketi vina BAROVO iz Tikveshe vinarije ,bio namenjen za stranski pazar,kod nas ovo vino pojavilo se i u nekim eksluzivnim restoranima:)Meni je bash drago sto ovo vino nosi moje stihove:)Pitali me,i pitaju ljudi,jel sam trazila novac,ma kakvi,meni je sreca do neba sto su moji stihovi nashli pravo mesto:)Inace kad naidjete na ovo vino setite se mene i moje pesme Smile

Pricam poezijom 2qle9ab

Pricam poezijom 35aqiwh

Inace:

Ма­ке­дон­ска­та мар­ке­тинг аген­ци­ја "Фу­ту­ра 2/2"
"Фу­ту­ра 2/2" ра­бо­ти 6 го­ди­ни, пер­и­од за кој из­гра­ди ав­тор­ски пре­поз­нат­лив стил, и се из­дво­ју­ва ме­ѓу пет­те нај­го­ле­ми ад­вер­тај­зинг ком­па­нии во Ма­ке­до­ни­ја.
Nazad na vrh Ići dole
Najda M.

Najda M.

Ženski
Broj poruka : 5067
Datum upisa : 12.10.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime1/10/2011, 2:21 am

Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247

____________________________________________

Bog nam je podario Veru , Ljubav i Nadu...
Na nama je da pronađemo smisao tog dara.

Najda M.  
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime30/3/2012, 10:17 pm

Pre neki dan na MTV,videla da vino BAROVO koje je iskljucivo za stranski pazar ovog puta pored distribucije u Italju,svoje mesto je nashlo i u USA.Pa nek putuju stihovi ovog predivnog crnog vina:)

http://www.tikves.com.mk/product_info.aspx?language=MK&product=NLcX8%2Fu0uV8qW9UzDPDVMQ%3D%3D
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime30/3/2012, 10:20 pm

Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime30/3/2012, 10:25 pm

“со нозе боси го газиш,
вино црно ќе се пие
магија со боси нозе фрлаш.“

“Што не сум грозје црно
твои боси нозе да ме газат,
вино црно да сум да ме испиеш
рани љубовни од срце излечам.„


Даница Петровска-Дани

Pa nek ovi moji stihovi na etiketi putuju i budu pivke kao vino:)
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime2/4/2012, 2:42 am

Ово је једна моја песма.Желим је са вама поделити...превела је и на Српски језик меѓутим, исправите гешке, и простите ако их има...Smile



Да можев ќе те печалев

Да можев ќе те печалев
од ноќ до ден,од ден до ноќ ,
ќе се потев и пресоблекував
само да можев да те печалам.

Ќе шиев фустани да те облечам,
за мене свечен сако ќе си скроев,
сукна со тантела и свила би ти дал
само да можев да те печалам.

Ќе бев готвач на ракови и риби,
ќе те залиев со црно вино Барово,
ќе се напивав од винарски визби
само да можев да те печалам.

Ќе одев по светот како трговец,
ќе купував и продавав златници,
ќе те бањав со пенливи мириси
само да можев да те печалам.

Ќе бев осамен уличен свирач,
ќе свирев на стара виолина,
ќе ти свирев за тажна љубов
само да можев да те печалам.

Ќе бев твој филателист
ќе направев марка по мој лик
ќе ти праќав љубовни писма
само да можев да те печалам.

Ќе бев поет со потпис на љубов
ќе раскажував за мое деноноќие,
ќе ти пишував јас љубовни песни
само да можев да те печалам.

Да можев ќе те печалев
по сите калдрми и ќор сокаци,
над и под сите мостови и реки
само да можев да те печалам.

Даница Петровска


Да сам мога печалио би те


Да сам могао печалио би те
из ноћи у дан, из дана у ноћ,
потио би се и пресвлачио
само да сам могао да те печалим.

Сашио би хаљине да те обучем,
за мене свечани сако би скроио,
секњу са чипком и свилом дао би ти
само да сам могао да те печалим.

Био би кувар ракова и рибе,
залио бих те са црним вином Барово,
напивао бих се од винарских подрума
само да сам могао да те печалим.

Ишао би по свету као трговац,
куповао би и продавао златнике,
купао би те са пенливим мирисима
само да сам могао да те печалим.

Био би усамљени улични свирач,
свирао би на старој виолини,
свирао би ти за тужну љубав
само да сам могао да те печалим.

Био би твој филателиста,
направио би марку по мом лику
слао би ти љубавна писма
само да сам могао да те печалим.

Био би поет са потписом љубави
препричавао би ти за моје даноноќије
писао би ти ја љубавне песме
само да сам могао да те печалим.

Да сам могао печалио би те
по свим калдрмама и слепих улица
над и под свих мостова и реке
само да сам могао да те печалим.

Даница Петровска
Nazad na vrh Ići dole
meseceva rosa

meseceva rosa

Ženski
Broj poruka : 7795
Location : u jutrima koja sanjare...
Datum upisa : 25.08.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime24/9/2012, 10:48 pm

Pricam poezijom 4ee8

Lepo je Danu hepi

____________________________________________
Тамо где је љубав никад није мрак...
Nazad na vrh Ići dole
Najda M.

Najda M.

Ženski
Broj poruka : 5067
Datum upisa : 12.10.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime24/9/2012, 11:58 pm

Divna Dani.... Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247 Pricam poezijom 590247

____________________________________________

Bog nam je podario Veru , Ljubav i Nadu...
Na nama je da pronađemo smisao tog dara.

Najda M.  
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime28/9/2012, 6:40 pm

Hvala vam drage moje:)

A sve mislila da sam pustila i ovu pesmu...neka,opet cu ja:)
Pesma ima svoju storiju...ali ako za to dodje vreme kazacu vam:)
https://youtu.be/7sfcLvd15KM
Nazad na vrh Ići dole
DANI

DANI

Ženski
Broj poruka : 156
Godina : 52
Location : Makedonija
Humor : nadam se da ce biti bolje
Datum upisa : 25.11.2010

Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime28/9/2012, 6:44 pm

Ovde stanujem

Ja ovde stanujem,u bojama duge  gde vishe nema tuge,
u ocima imam ljubav samo za tebe,jedina sI u mom srcu,
I dok nocima sanjash ,ko vejetar ulazim u tvoje slatke snove,
prigrli me da oboje sanjamo isti san I noc nek bude kako dan.

Ref:
Oprosti shto nisam rekao svoje ime, ja sam  samo bezimena lutalica,
zivim I lutam snovima  da pronadjem tebe,tebe moja ljubavi jedina ,
da oko vrata stavim moje zeljne ruke,da te cuvam od svij ludih vetrova,
pozeli me I ja cu doci,imame u svim  bludnim snova, ti sanjaj I pozeli me.

Ja ovde stanujem,u boljama duge gde vishe nema tuge,
u ocima imam ljubav samo za tebe,jedina si u mom srcu,
ljubi me, jedina si u tisucu drugih ljubavi koje sam imao
ali ti mi  dushu I srce uze jer jedina,jedina si ljubav moja.

Ref:
Oprosti shto nisam rekao svoje ime, ja sam  samo bezimena lutalica,
zivim I lutam snovima  da pronadjem tebe,tebe moja ljubavi jedina ,
da oko vrata stavim moje zeljne ruke,da te cuvam od svij ludih vetrova,
pozeli me I ja cu doci,imame u svim  bludnim snova, ti sanjaj I pozeli me.


Danica Petrovska  23.09. 15:36

Nazad na vrh Ići dole
Sponsored content




Pricam poezijom Empty
PočaljiNaslov: Re: Pricam poezijom   Pricam poezijom Icon_minitime

Nazad na vrh Ići dole
 
Pricam poezijom
Nazad na vrh 
Strana 1 od 1

Dozvole ovog foruma:Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
LJUBAV, SMRT I SNOVI :: Naša autorska dela- piše se i čita u temama ispod naslovne :: Ljubav, strast i greh-
Skoči na: