LJUBAV, SMRT I SNOVI Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto |
LJUBAV, SMRT I SNOVI - Poezija, priče, dnevnici i jos po nešto Tema "Za goste i putnike" - otvorena je za komentare virtuelnih putnika. Svi vi koji lutate netom ovde možete ostaviti svoja mišljenja o ovom forumu, postaviti pitanja ili napisati bilo šta. Svi forumi su dostupni i bez registracionog naloga, ako ste kreativni, ako volite da pišete, dođite, ako ne, čitajte. Molim one, koji misle da im je nešto ukradeno da se jave u temama koje su otvorene za goste i putnike, te kažu ko, šta i gde je kopirao njihovo. Rubrika Erotikon je zaključana zbog dece i net manijaka, dozvolu za pristup tražite od administratora foruma ! |
|
| Тек онако | |
| | Autor | Poruka |
---|
DANI
Broj poruka : 153 Godina : 56 Location : Makedonija Humor : nadam se da ce biti bolje Datum upisa : 25.11.2010
| Naslov: Тек онако 6/1/2011, 9:08 pm | |
| Надам се да вам не сметају моји текстови на македонском језику..превела бих све,меѓутим сви текстови изгубиќе ону праву и истиниту драж..
М А Л А Т А П Р И Н Ц Е З А
-„Денеска е маскенбал„,весело извика Ане пребарувајќи ги маските од претходните маскенбали. Овогодишниот маскенбал како и секоја година се избира најубава маска. Ане сакаше да биде најубава маска од сите маски кои ќе учествуваат. -„Оваа година заслужувам да бидам најубава маска!„ Мината година избраа најубава маска,која навистина беше прекрасна маска,маска на мало жолто пиленце. Ане беше сигурна дека нејзината маска беше најубава,прекрасно мајмунче и заслужуваше да го освои првото место. Како и да е,Ане мисли дека нејзината минатогодишна маска е најубава заслужувајќи прво место,а маската која го освои првото место,не дека е најубава маска,туку дека е син на организаторот на маскенбалот. Мајка и на Ане,Марина,веќе една недела го шие фустанчето на Ане,поточно фустанот на нејзината мала принцеза,која сама го одбра материјалот учествувајќи во самата креација.Фустанчето беше со прекрасни чипкани розови карнерчиња и панделки. Ланските чевличиња и беа малецки,ја стегаа,но Ане ги собра нејзините мали прстиња успевајќи да влезе во нив.Да и беа точни,не израснати не би ја стегале прстињата,но што е тука е,ќе издржи во нив додека трае маскенбалот. Фустанчето скоро беше готово.Ане со голема возбуда го облече и занесено се вртеше во круг.Расчешланата долга коса светкаше како златно жито на сонцето,а во сините очи се гледаше заљубеноста во самата себе. -„Мојата мала принцеза„,со гордост ја гледаше нејзината мајка Марина,која со тага во очите ја гледаше фотографијата закачена на ѕидот.Во мислата отпатува во минатото каде со нејзиниот покоен сопруг,Никола се радуваа на раѓањето на Ане,нејзиниот прв чекор,прв збор,првото запче и првиот роденден. -„Ех Никола...Да беше жив,да ја видиш нашата Ане како се радува,не би дозволил на маскенбалот да оди во тесни чевли„. Марина е млада вдовица,нејзиниот сопруг Никола загина во сообраќајна незгода,се судрил во некој камион кога се враќал од работа.Виновникот никогаш не го пронајдоа,веќе беше пребегнат преку граница. Сега живее сама со нејзината ќерка Ане,која за својот татко знае дека е заминат во Русија на работа. Ане има седум години,зборува Македонски,но понекогаш и на руски јазик,кој ја подучи нејзиниот татко Никола кој е роден во Русија. Никола со Марина се имаат запознаено тука во Македонија на една ликовна колонија во која учествувал и самиот тој,и од таму креативноста на Ане. По кратко време се вљубуваат еден во друг и не можејќи да живеат разделено љубовта победува.Никола доаѓа засекогаш во Македонија,а Ане е плод на една чиста вистинска љубов ,и самата е дете на љубовта. Останаа уште два часа до маскенбалот,а Ане се облекуваше и пресоблекуваше,дури и се нашминка,впрочем принцезите се убави за својот принц,така е во бајките што Марина и ги читаше пред заспивање. Марина ја гледаше Ане вчудовидувајќи и се на нејзината прецизност во шминкањето поправајќи и дел од натрупаниот кармин кој и беше надвор од нејзините мали усни. -„Ете,сега е подобро„насмевнувајќи и се Марина која исто така се подготвуваше и таа да се поднашминка.Се нема нашминкано веќе три години откако умре Никола,но сепак сакаше поради Ане,и таа да има убава мајка. -„Прости Никола„гледајќи ја фотографијата, бришејќи ја од прашина која се насобрала. Веќе е време да тргнат.Побрзаа за да не задоцнат,им остана уште половина час за да стасаат на време.По патот молчеа.Ане беше внесена во нејзините мисли,а Марина не сакаше да ја прекине,знаеше дека е маѓепсана од маскенбалот создадени во нејзината малецка глава. -„Мамо,што мислиш,дали и Стефан ќе биде на маскенбалот...Се разбира дека ќе биде на маскенбалот...Татино галениче„ Ане на глас размислуваше,сама поставуваше прашања,и самата си одговараше на истите.Во неја се чувствуваше страв кој успешно го прекриваше,страв за да Стефан повторно не победи во овогодишниот маскенбал,а ако е така веќе никогаш нема да учествува на никаков маскенбал. Полека по полека пристигнаа.Имаше многу насобрано луѓе шетајќи гледаа во прекрасните маски,прекрасните деца кои беа променети во змејови,магионичари,вештерки,принцези,но не така убави како малата Ане.Таа беше пресреќна што нема поубава принцеза од неа која потајно се надеваше дека ќе победи на маскенбалот,докажувајќи им на светот дека е најубава принцеза на мама и тато.Со малите сини очиња го бараше Стефан,скришум да види во што е променет ,каква маска одбрал за овогодишниот маскенбал.Од преголемата гужва не можеше да го забележи замолувајќи ја Марина да ја крене во рацете,впрочем и ја заболеа нозете од тесните чевличиња. -„А,да,на малата принцеза е потребен некој кој ќе ја носи.Ти сепак си принцеза... нели?„ и се насмевна Марина кревајќи ја во рацете. Веднаш штом ја крена во рацете Ане го здогледа Стефан, кој за рака го држеше својот татко.Се вкочи од бес,се намурти спуштајќи ги веѓите извика: -„Тој е тука!„. Нејзиниот глас трепереше како затегната жица на виолина,пискав и гласен,барајќи од Марина да ја спушти на плочникот за да не ја забележи Стефан,кој по погледот изгледа дека сепак ја забележа. Ане беше изненадена,Стефан беше променет во принц,да,да во принц! Марина ја забележа загриженоста на лицето на Ане,но кога го здогледа Стефан со нејзиниот татко се и беше кристално јасно. -„Слатка моја мала принцезо.Што мислиш,можеби тука некаде е некој принц,токму како оние од бајките?„ Малата Ане ништо не одговори продолжувајќи да ја јаде чоколадната бонбона што и ја подари пријателката на Марина.И нејзината ќерка е тука,тука на маскенбалот,но никако не и е конкуренција во таа глупава кловновска наметка,и уште со тие големи кловновски чевли во кои се сопнува на секој нејзин чекор. Организаторот,поточно таткото на Стефан го објави започнување на маскенбалот. -„Добредојдовте на прекрасниот маскенбал...Забавата нека започне! Ја пресече црвената лента и едни по едни деца излегуваа.Се појави и Стефан кој доби најголемо ракоплескање,кое ракоплескање ја загрижи Ане молејќи се и таа да добие ракоплескање,ете да им се допадне нејзината маска,да биде најубава принцеза од сите принцези на маскенбалот. Дојде и нејзиниот дел.Конечно дојде и нејзиниот ред за да се претстави. Иако беше уплашена,Ане одлучно зачекори не чувствувајќи ја болката во нејзините претесни чевли. Марина со љубов ја гледаше својата ќерка,праќајќи бакнежи на најубавата принцеза. По ракоплескањето може да се забележи дека Ане им се допадна,дека сепак е најубава принцеза на маскенбалот. Но,тесните чевли силно ја стегаа,знаеше дека мора да издржи до самиот крај.И останаа уште два чекора ...и готово е.Но,тука,при самиот крај се сопна паѓајќи на нежните колена од кои се гледаше гребнатинка и малку крв. Настана молк.Стивна се па и самото ракоплескање.Се слушаше тивко шепотење,жалење дека се сопна паѓајќи на самиот крај. Марина молкум ја гледаше Ане,на чие лице се гледаше тага и само што не заплаче. -„Се е готово„,си помисли Ане...но не е така. Принцот,односно Стефан притрча кон Ане,клекна до неа поткренувајќи ја нејзината глава.Од нејзините сини очи потекоа солзи,не можеше да ја прекрие тагата,болката која ја чувствуваше во тој миг. Стефан и ги избриша солзите бакнувајќи ја во црвениот образ.И подаде рака и заедно се поткренаа од подот.Така исправени пред толпата се поклонија под иницијатива на Стефан кој наглас извикна: -„Сепак таа е принцеза,а јас нејзиниот принц„ На лицата на луѓето се гледаше топлина во срцето,милина во очите. Еден по еден почнаа да ракоплескаат,се додека не се претвори во едно прекрасно громогласно ракоплескање. -„Браво за принцот и принцезата„извика некој од толпата. Марина се стрча накај Ане која сеуште цврсто го држеше Стефан за рака,не намерувајќи да го пушти како и тој неа.Длабоко се поклонија кон публиката праќајќи им бакнежи. Маскенбалот заврши,а победниците се знае кои беа„Принцот и принцезата„ Одминаа многу години од тој настан,од тој маскенбал,поминаа дури цели десет години а Стефан и Ане се уште цврсто се држеа за рака,но сега пораснати.Од тогаш па до сега никогаш не престанаа да се држат за рака,беа среќни,пресреќни еден со друг.
Даница Петровска
| |
| | | DANI
Broj poruka : 153 Godina : 56 Location : Makedonija Humor : nadam se da ce biti bolje Datum upisa : 25.11.2010
| Naslov: Re: Тек онако 7/1/2011, 11:02 pm | |
| Д О П И Р
Допир,ах тој допир. Колку ли ќе останам зарoбена во овој затворен круг на емоции, кои без чувствително ме приковаа за да ја почувствуваат мојата болка?
Да,ја посакуваат мојата солена солза која веќе одамна е засушена,затаена во оваа грло,вресок од душа што и волците од најтемната шума би се уплашиле.
Посакувам да го допрам недопирливото...твојот допир.
Те допирам само во сон,јавето за мене не постои,како да живеам во туѓо тело не почувствувајќи го твојот допир кој некако е астрален,не можам да те допрам освен кога ги затворам очите...Ти,дали постоиш?Каде си ти?
Ноќта се приближува,желно чекајќи го сонот да ми падне на очите.
Ноќен јавачу на моите сништа допри ме!Допри го мојот сон за да живеам во твoјот сон,недопирливото ќе биде допрено,невозможното ќе биде возможно.
Само уште еден чекор до бесконечноста и тука си,тука сум со твојот допир.
Пронајди ме,побарај ги трагите од мојата засушена солза,допри ја,ќе ја почувствуваш мојата тага,таа ќе те одведе до мојата душа,до темното небо без ѕвезди.Но,само една ѕвезда сеуште сјае,трепери со сиот нејзин сјај,патоказ до ѕвездата Даница...Ти само допри ме,ќе ти го покажам патот до нејзиниот сјај,а тогаш сите ѕвезди ќе затреперат...Прекрасен космос во моите очи.
Допри го мојот сон...Ти,само допри ме.
Даница Петровска | |
| | | DANI
Broj poruka : 153 Godina : 56 Location : Makedonija Humor : nadam se da ce biti bolje Datum upisa : 25.11.2010
| Naslov: Re: Тек онако 8/1/2011, 10:04 pm | |
| Д А Л И Б И...
Дали би...Дали би... Да,да,сакам, сакам да бидам Буда,разбудена,будна,не сакам да живеам во овој длабок сон, кој долго го сонувам,мислам дека трае долго време. Реинкарнација,мислам дека имам богата палета...кога веќе ќе се разбудам? Јога,тренирам Hatha-Joga,го исполнува сето мое битие,ми го покажува патот на вистината...можеби тогаш ќе се разбудам? Дали би...Дали би... Да,да,сакам,сакам да имам бесконечна љубов,на секому да подарам дел од неа. Но,јас не сум Буда,не сум разбудена. А,кога ќе се разбудам,кога ќе се соеидинам со БЕСКОНЕЧНАТА ЉУБОВ,кога ќе ја досегнам АПСОЛУТНАТА ВИСТИНА,тогаш ќе ги РАЗБУДАМ СИТЕ,се живо и неживо ќе биде разбудено,ќе ги опсипам со бескрајна љубов. Дали би...Дали би... Да,да,сакам,јас сакам да бидам разбудена од овој матрикс.Сакам да го пронајдам патот,патот на не реалноста...да,токму тој пат,реалноста не гуши,ги гуши нашите вистински потреби,потреби да бидеме ослободени од прангите на реалноста која себично не чува за себе плашејќи се да не се разбудиме. Кога за миг се разбудам,кога ја видам не реалноста сите на глас извикнуват:„Разбуди се!Не сонувај!„ Кутрите,зарем не се свесни дека се уште сонуваат и не се разбудени? Кутрите,зарем не се свесни дека се уште сонуваат и од сон не можат да се разбудат? Вечно ќе сонуваат,и од сон не ќе се разбудат,вечно ќе умираат и ќе се раѓаат. Вечно ќе живеат во оваа бедна луспа и, како змии ќе се пресоблекуваат отфрлајќи ја старата облекувајќи ја новата луспа. Вечно ќе живеат во својата беда на незнаење,бедни во своите сонови за реалноста која ги прегрнува во своите рапави раце нанесувајќи им болка.
Дали би...Дали би...
Би била смрт повторно да оживеам од пепел феникс птица повторно ќе се родам.
Да,јас би била,да, јас сакам,ама не можам,јас не сум Буда,јас не сум разбудена.
Универзумот е дел од нас...НИЕ СМЕ УНИВЕРЗУМОТ
Даница Петровска | |
| | | DANI
Broj poruka : 153 Godina : 56 Location : Makedonija Humor : nadam se da ce biti bolje Datum upisa : 25.11.2010
| Naslov: Re: Тек онако 12/1/2011, 5:35 pm | |
| Страотно!Досега немам видено човек,кој под јаки седативи неможеа да го совладат ниту тројца,цврсти мажи,кои се обидуваа да го приковат за креветот за да медицинскиот персонал,односно една млада лекарка успее да му даде средство за смирување. Погледот ми беше кон чичко ми.Го гледав како се бореше за да се отргне од рацете,кои цврсто го држеа приклештен за креветот.Едниот од нив го прегрна зборувајќи му дека така требало да биде,треба да размислува и за ќерка му,впрочем има и друго дете на кое му е потребен,мора да собере сила и храброст да живее. Чичко ми плачеше,урлаше од болка,страотен крик од кој крвта ми се следи во вените. Во еден миг како да се смири,како да седативите успееја да го совладат,но не и болката.Од неговите очи текоа солзи.Се надевавме дека успеа да се смири од седативите,но незнам каква сила имаше,и како некое рането животно почна грчевито да мавта со рацете,се бореше за воздух,се гушеше. Се стресов,призорот беше страотен.За прв пат видов човек речиси при умирање. Сите се стрчавме,го прскавме со вода.Младата лекарка,од медицинскиот прибор,од онаа црна чанта извади шприц и инекои конбинирани инекции и го боцна чичко ми кој сеуште имаше тикови стегајќи ја вилицата.На еден миг помислив дека се е готово,дека чичко ми е готов.Запрепастено и немо гледав во призорот,не верував дека сето тоа се случува,посакав оваа да е само еден лош сон...да, оваа е лош сон и јас сега ќе се разбудам. Неговиот крик ме врати во реалноста,плач и лелек.Повторна започна борба да го совладат...помислив каква е таа сила што го држи мојот кутар чичко.Тој урликаше. Неговиот глас не излегуваше од грлото туку од душата. -„Го убија!!! Го убија кучиња,кучиња арнаутски го убија!!!„ Настојуваа да го смират,но немаше сила која би го сопрела да престане да плаче, вреска од преголемата болка. -„Ах,Кирил бе Кирил!Ах,дете мое!Ах,кучиња бре арнаутски!!!„ Во собата влезе уште еден лекар.Беше повикан бидејќи на чичко ми му беше уште по лошо,не се смируваше,како вода да му даваа наместо седативи. Лекарот со сериозен,прашалнички тон ја праша својата колешка каква терапија му има дадено на пациентот.Од нејзиниот треперлив глас се гледаше дека е млада лекарка,додуше не без искуство,плашејќи се нешто да не згреши во рапортот на искусен и постар лекар.Ја опиша клиничката состојбата во која го има затекнато пациентот,односно мојот чичко,со кои инекции и седативи го има боцкано. Лекарот бледо и зачудувачки ја погледна својата млада колешка и со строг глас и се обрати: -„И,ти,на овој човек,во оваа состојба си дала оваа терапија!?.Како ли успеа само да ја земеш дипломата?„ Младата лекарка пребледе.Настојуваше да му објасни на лекарот нејзината гледна точка на клиничката слика на пациентот.„Но јас...Лекарот ја пресретна со презирен поглед и со строг тон и нареди кои ампули да отвори и тој самиот го боцна чичко ми,кој за кратко време се смири,немаше сила да ги подигне рацете,а очите едвај ги држеше подотворени од кои сами ,како река текоа солзи. Незнаев што да правам,неможев да ја гледам таа болна тага на лицето на чичко ми. Излегов во дворот да се освежам,мислев дека ќе се онесвестам од таа цела ситуација, како да неможев да сватам дека реално се случува,дека оваа не некој мој лош сон, како оваа да се случува на некој друг. Не,оваа е сон,јас морам да се разбудам.Солзите ми потекоа,плачев како дете. Набрзина ги избришав солзите,не сакав некој да ме види дека плачам.Незнам,но таква сум,своите емоции ги кријам како и солзите,но овие солзи неможев,тие текоа сами. Тоа не беа солзи туку река која надоаѓаше.Врелите солзи текоа низ образите сливајќи се по самото грло кое од болка беше како камен.Засушените солзи ги чувствувам сеуште,ме печат,се истопија во мојата душа.Од тогаш јас неможам да сокријам било која солза,од моите очи тие течат како река.
ВИСТИНА ЗА ЕДНА БОЛКА
| |
| | | DANI
Broj poruka : 153 Godina : 56 Location : Makedonija Humor : nadam se da ce biti bolje Datum upisa : 25.11.2010
| Naslov: Re: Тек онако 13/1/2011, 9:26 pm | |
| Боем
"Последната чаша на боемот"
Ја отпиваш и последната капка од чашата,гледаш дали има уште барем една ,гледаш да не останала уште некоја заглавена на дното..и мислиш..и се прашуваш.
`Да,јас сум боем`
Се поткреваш од столот но,претешко е твоето тело,тешки се овие твои последни капки од чашата.Замаглениот вид од твоите очи кружно се движат настојувајќи да ја фокусират непостоечката капка од виното..и повторно се трудиш да станеш но,сега нозете се непослушни..неможат да го издржат тоа немоќно тело..и се смееш..
`Да,јас сум боем`
Чашата се чини дека е празна,дека е последна чаша на боемот..или можеби една од последните..или тоа само твојата болка шкрипи во твојата душа?
Како пеперутки ги ловиш твоите мисли,кои се беа разлетале..не,не ,тоа твојот лик ми прави илузии..можеби е момент на вистината..In Vino Veritas..
Ти си првиот и последниот боем на кој ќе му биде последна чаша..последна за да ја види својата болка, зад оваа бледо огледало на кое ја гледаш голата жена со набрекнати гради..тело кое лежи на црвената прекривка, на неа лотосови цветови..насмевка која го мами боемот за да љубовта и биде како последна капка,како последната чаша на боемот...
Даница Петровска. | |
| | | Masada Administrator
Broj poruka : 9712 Godina : 63 Location : Zemun Humor : Jok Datum upisa : 05.10.2007
| Naslov: Re: Тек онако 13/1/2011, 11:35 pm | |
| - DANI ::
- Боем
"Последната чаша на боемот"
Ја отпиваш и последната капка од чашата,гледаш дали има уште барем една ,гледаш да не останала уште некоја заглавена на дното..и мислиш..и се прашуваш.
`Да,јас сум боем`
Се поткреваш од столот но,претешко е твоето тело,тешки се овие твои последни капки од чашата.Замаглениот вид од твоите очи кружно се движат настојувајќи да ја фокусират непостоечката капка од виното..и повторно се трудиш да станеш но,сега нозете се непослушни..неможат да го издржат тоа немоќно тело..и се смееш..
`Да,јас сум боем`
Чашата се чини дека е празна,дека е последна чаша на боемот..или можеби една од последните..или тоа само твојата болка шкрипи во твојата душа?
Како пеперутки ги ловиш твоите мисли,кои се беа разлетале..не,не ,тоа твојот лик ми прави илузии..можеби е момент на вистината..In Vino Veritas..
Ти си првиот и последниот боем на кој ќе му биде последна чаша..последна за да ја види својата болка, зад оваа бледо огледало на кое ја гледаш голата жена со набрекнати гради..тело кое лежи на црвената прекривка, на неа лотосови цветови..насмевка која го мами боемот за да љубовта и биде како последна капка,како последната чаша на боемот... Даница Петровска. Сјајно испричано и поука коју даје. ____________________________________________ Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ? Ka sudbini !
| |
| | | DANI
Broj poruka : 153 Godina : 56 Location : Makedonija Humor : nadam se da ce biti bolje Datum upisa : 25.11.2010
| Naslov: Re: Тек онако 30/1/2011, 3:59 pm | |
| Ѕ В Е З Д А
Зад блескавиот сјај од изгубените ѕвезди што тивко гаснеа во ноќта,згасна и една осамена ѕвезда.Згасна како сенка кога гасне пред пламениот сјај. Дали тоа е почеток или крај? Каде исчезна во ноќта кога срцето е тажно,а во душата болка со насолзени очи? Во ноќта кога посакав да сум во вечниот дом,небото стана црвено со безброј ѕвезди. Од небото се пролеа ѕвездена прав,ме обвитка,ме понесе кон ѕвездите. Небото беше кочија со безброј ѕвезди,а пред кочијата гордо стоеше бел коњ кој ме повика во неговото ѕвездено царство. Неговите очи беа топли,галапот грациозен. Дали сето оваа е само сон? Можеби ме опи убавината со која блескаа ѕвездите или ѕвездите во неговите коси? Мојата рака го милуваше...Зад сета таа убавина се криеше прекрасно момче. Но,кој си ти што во ноќта кога изгубив ѕвезда ми подари безброј ѕвезди? Те познавам?Не! Се слушна тивок шепот. Дали знаеш каде се наоѓа твојата ѕвезда. Јас знам.Таа се наоѓа во моето срце. Дали знаеш каде исчезна твојата љубов. Јас знам.Таа се наоѓа во мојата душа. Ти си мојата осамена ѕвезда.Заедно ќе патуваме низ ѕвездите,ќе те сокријам за себе.
Сега сум ѕвезда која припаѓа на милион ѕвезди.Можеби уште некој ќе ја изгуби својата ѕвезда,јас ѕвезда Даница ќе блескам со сиот мој сјај,ќе го осветлам патот за да секој ја пронајде својата ѕвезда.
Даница Петровска
| |
| | | DANI
Broj poruka : 153 Godina : 56 Location : Makedonija Humor : nadam se da ce biti bolje Datum upisa : 25.11.2010
| Naslov: Re: Тек онако 5/2/2011, 4:33 pm | |
| О Г Л Е Д А Л О
Како сум по мистичните нешта, дојдов до сознание дека во огледало можеш да ги видиш своите претходни животи. Без многу размислувања и предрасуди, со голема возбуда застанав пред моето големо и тркалезно огледало. Иако мојот тренер по Јога ме предупреди гледање во огледало да не го правам во доцните часови јас сепак сакав баш тогаш.Така ми беше по возбудливо,по мистично и неизвесно.Но секако дека добив уште неколку предупредувања и тоа дека ќе забележам дека мојот лик во огледалото ќе избледее,а откако ќе избледе себе ќе се видам како костур,ќе го видам мојот череп, баш онакви какви што се во кабинетите по медицина.Сета таа приказна ми изгледаше смешна,некако претерано застрашувачка и воопшто не ме обесхраби да го пробам тој експеримент.Но, морам да признам дека ми делуваше и застрашувачки.Но, како со обожавање сакам да гледам хорор филмови и тоа со доста застрашувачка содржина,филмови кои не се баш препорачливи за луѓе кои имаат слаби нерви, кои лесно би можеле да добијат срцев напад,за мене тоа беше како да гледам хорор,но во главната улога ќе бидам самата јас.Ајде, лесно ќе ја одиграм својата улога во филмот,што е тоа за мене,јас која сакам возбудувања до таа граница што адреналинот ќе ја надмине нормалната граница,што значи дека во старт ја надминав кочницата за да се откажам од експериментот.Но,следува уште нешто. Исто така бев предупредена дека во огледалото ќе видам како мојот лик ќе се преобрази и во други ликови.Смешно,навистина смешно.Како можам да видам и други ликови освен мојот лик,можеби малку со искривена слика,но сепак ќе сум јас таа што сум?Што тоа значи,значи дека ниту оваа не ми претстави препрека за да се осмелам да застанам пред огледало и да почнам да истражувам,да се уверам дали тоа е лага или вистина.Ништо друго не ми преостана освен да појдам по вистината и конечно застанав пред огледалото. Малку тешко ми одеше со концентрацијата додека се гледав во огледалото,но не поради самата концентрација туку поради тоа што очите ме печеа па морав да прекинам.Откако се смири непријатната реакција на очите повторно застанав пред огледалото.Моите очи трепереа што е и нормална појава.Настојував во исто време да се гледам и во двете очи,но одеше тешко.Се сетив на зборовите на мојот тренер по Јога дека и во таква ситуација треба да продолжам да гледам,дека самите очи ќе се наместат.По некое време забележав дека успеав и бев многу среќна оти ќе можам да продолжам со експериментот.Подоцна забележав дека моите очи како да станаа едно,всушност се споиа и во огледалото видов само едно око ,како окото на киклоп токму каде се наоѓа анја чакрата,тогаш го забележав онаа бледење на мојот лик,нешто како густа магла,но и по најмала попуштена концентрација и возбуда се тргаше.Бев возбудена од самото сознание дека во експериментот имало вистина.Мојата упорност одеше до таа граница каде успеав мојата глава да ја видам како костур,баш онаков страотен со оние црни дупки во пределот на очите,дури и јаболчниците ги видов,а усните беа само темна сенка. По неколку минутно гледање во черепот почнаа да се формира лик.Мојот лик се измени и тоа многу добро видов дека е машки лик,со густи црни веѓи,застрашувачо злокобни очи од кои зрачеше злоба.Косата исто така беше црна и доста долга,а лицето прекриено со голема и долга брада.Верувале или не,јас се уплашив од страотниот ликот што го видов во огледалото се прашував како е возможно мојот лик да го видам како возрасен маж кога јас сум жена? Од еден друг мој пријател,но за жал тој веќе е починат скоро шеста година дознав дека ликот кој го имам видено во огледалото е лик од мојот претходен живот,но тој лик не сум јас туку тој лик всушност е задржан во мојата потсвест,лик кој во некој мој претходен живот сум го сретнала.Но се запрашав зошто беше току зол,дури во себе почувствував еден таков студ што мислев дека крвта лед ми се стори,но и за тоа добив некој колку толку приближен одговор.Како мојот пријател...сепак има нешто штом го спомнувам,но кој да го разбере тој свет,но ете нека му е лесна земјата,тој на исправен,јас на лош пат. Значи како мојот покоен пријател се занимаваше со некои мистични работи ми објасни дека јас сум живеела некаде во Франција и дека сум била слугинка во неговиот замок.Во замокот имало многу деца,а јас многу сум ги сакала тие деца,сум ги чувала,но тој како бил многу злобен, зло намерен и сум имала многу страв од него.Но за разлика од него,неговата сопруга ме штитела и со неа многу добро сум живеела.Можеби оваа е и вистина,од каде да знам,но сепак визијата на мојот покоен пријател за човекот ми остави голема сугестија.Ист тој лик,барем мислам дека е, по одамна го видов и во едно списание и дека бил некој кој живеел во Франција,дури го имаше сликано до својот замок!?Сепак се држам до тоа дека е коинциденција,или пак самата се убедувам дека е, колку да не збудалам. Гледав уште многу други ликови во огледалото,но се беа машки ликови,и се прашував зошто?И на тоа добив одговор од мојот покоен пријател. -„Можеби во твојот минат живот си била машко?„ Како и да е, оваа гледање во огледало уште повеќе ме привлекуваше,ми беше искушение да продолжам,но веќе бев подготвена и недозволив да се заплашам ма што и да видам во него.Но,овој пат беше комична слика. Во огледалото се видов како мајмун,типичен оругутан,ми одеше да праснам во смев,но гледав да се концентрирам на ликот.Неверојатно,зарем во мојот претходен живот сум била мајмунка?Верувајте,и сега кога оваа го пишувам ми доаѓа да се смеам. Последен лик што го видов во огледалото беше по питом лик,но сепак машки лик. Имаше чудно подшишана коса,каде шишките беа рамно пресечени,под права линија откривајќи му го неговото високо чело.Косата како да беше многу мазна и права,ликот ми личеше како да е некој монах или така нешто.Одговорот за овој лик не го добив од мојот пријател,за жал тој веќе беше починат. Моето искуство со огледалото едвај чекав да му го пренесам на мојот тренер по Јога,кој свати дека сум убедена и уверена во мистичните тајни на огледалото,па затоа ми предложи заедно да испробаме уште еден експеримент.Само да знаете колку бев возбудена и едвај чекав да почнеме,да го видам следното изненадување.И двајцата застанавме пред големите огледала,всушност пред тие огледала ние трениравме Јога.Стоевме еден до друг и по негово барање требаше да се гледаме еден друг во очите,и со големо нетрпение го прифатив и тоа изненадување.По некое време успеав да ги видам неговите трансформации,некогаш по јасно,некогаш по магловито и не јасно.Во еден даден момент во огледалото го видов дека е обезглавен,на неговите раменици ја немаше неговата глава.Бев збунета,трепнав за да сликата исчезне и повторно продолжив.Но,сликата беше иста,повторно беше обезглавен и ми личеше како во оној филм„Обезглавениот јавач„По некое време,да кажеме по половина час прекинавме со гледање во огледалото и секако сакавме да слушнеме еден од друг како сме поминале. Јас онака збунето го прашав: -„А зошто во огледалото не можам да ја видам твојата глава,како да е отсечена„? Тој се насмеа кажувајќи дека тоа и сакал да го постигне,всушност јас да го видам обезглавен давајќи ми сугестии додека ме гледал во очите и затоа јас сум го видела обезглаен. Си помислив колку е моќна сугестијата на човекот,а уште колку е помоќно самото огледало,навидум обично огледало,но всушност дали огледалото е само огледало или нешрто по моќно? Идеата за гледање во огледало прерасна во секојдневица дури и користев прилика да ги гледам и другите ученици по Јога.Како некои огледала беа на самиот плафон од просторијата каде трениравме Јога,јас секој момент кога вежбите беа во лежечка положба ги гледав некои од членовите.Нај чуден и нај голем впечаток ми остави една од членот која во огледало ја видов како вештерка од оние цртани филмови,иако истата беше многу убава девојка. Оваа искуство го соопштив на мојот тренер,кој истотака се обиде девојката да ја види во огледало.За мое и негово изненадување и двајцата видовме ист лик во девојката,лик на вештерка.Направивме и една пародија за ликот на девојката дека можеби во минат живот и била некоја вештерка.Се разбира за оваа тајна на огледалото знаеме само јас и мојот тренер,што би било кога останатите членови би дознале?Таа наша тајна никогаш и не ја дознаа.
Кога поминувате покрај вашето огледало запрашајте се дали ликот што го гледате во него всушност сте вие,или во тој лик има и многу други ликови.Кој е храбар и упорен нека ја стави на искушение својата судбина во судбинското огледало,можеби ќе ви открие и многу нешта.
Даница Петровска
| |
| | | Sponsored content
| Naslov: Re: Тек онако | |
| |
| | | | Тек онако | |
|
Similar topics | |
|
| Dozvole ovog foruma: | Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
| |
| |
| Ko je trenutno na forumu | Imamo 1 korisnika na forumu: 0 Registrovanih, 0 Skrivenih i 1 Gost
Nema
Najviše korisnika na forumu ikad bilo je 120 dana 5/5/2013, 8:45 pm
|
Zadnje teme | » medeno7/4/2024, 11:42 am od Dusica Pajovic » priznanje31/3/2024, 4:00 pm od SaMar » SEVERNA GRANICA6/3/2024, 6:05 am od Nostromo » Šta je pisac hteo da kaže? - Majacvet11/5/2023, 5:25 pm od majacvet » КАД ВОЛИШ20/10/2022, 12:43 am od ZEX » O ČEMU TI TO? - CECILIJA20/6/2022, 3:45 pm od meseceva rosa » Ulične svetiljke....osvetljavaju srca,kad nadodju nemirne oluje morske...30/4/2022, 2:55 am od Tool » Nemir-Mirjana Vujicic10/2/2022, 2:41 am od meseceva rosa » Na obodu neba15/11/2021, 7:56 pm od Marr Inna » Plavi tonovi...12/10/2021, 1:52 am od meseceva rosa » Kada noć bježi pred jutrom22/9/2021, 7:40 pm od Laufer » ANAMNEZA1/2/2021, 9:53 pm od ZEX » PSALMI LJUBAVI6/12/2020, 8:34 pm od Nena Miljanović » ПИСМА27/9/2020, 9:02 am od ZEX » GRESNIK22/9/2020, 4:34 pm od inadzija » Filip Petrović - pesme8/6/2020, 9:29 am od Filip Petrovic » Biserje mojih godina godina31/5/2020, 11:12 am od Masada » Iluzija bljeska-Mirjana Vujicic9/1/2020, 12:24 pm od Beskraj » U tragu najlepseg sna9/1/2020, 2:17 am od meseceva rosa » Niti tišine9/1/2020, 2:03 am od meseceva rosa » Moje misli kroz poeziju....9/1/2020, 1:43 am od meseceva rosa » midjika9/1/2020, 1:13 am od meseceva rosa » Haiku ili ako ne ide, minijatura koja liči na Haiku6/12/2019, 4:24 pm od CECILIJA » Pred onaj tren sna ja ...26/3/2019, 11:12 pm od CECILIJA » NEŠTO, E, BAŠ SAD TI PIŠEM!14/3/2019, 8:45 pm od CECILIJA » Naslov: Šta je to pisac hteo da kaže? od Cecilija21/1/2019, 6:02 pm od CECILIJA » Odgovori na pitanja-Mirjana Vujicic5/1/2019, 8:46 am od ZEX » Kad je poezija? Sta je poezija?28/11/2018, 8:23 am od ZEX » Molim za mišljenje u vezi mog pisanja18/11/2018, 5:17 pm od majacvet » Dnevnik izgubljenog prolaznika-Mirjana Vujicic16/11/2018, 12:34 pm od Beskraj » ČISTILIŠTE - Plavooka9/10/2018, 8:21 pm od Plavooka » VESNA RADOVIĆ5/10/2018, 2:21 pm od Bezmerje » Nemam vise vremena...-Mirjana Vujicic28/8/2018, 8:55 pm od Beskraj » Prve pesme o tebi...22/6/2018, 7:39 pm od meseceva rosa » Nemir-Mirjana Vujicic12/2/2018, 10:04 am od Beskraj » Mokily vs Masada12/10/2017, 12:12 am od meseceva rosa » SVITANJA30/9/2017, 9:25 pm od meseceva rosa » Sve moje ljubavi29/9/2017, 6:30 pm od meseceva rosa » hajde da nabacamo po koju gomilicu stihova na temu PUTOPISI4/8/2017, 11:52 pm od Gost » sklepano u radionici25/7/2017, 11:53 am od SaMar » Gluvi sat22/5/2017, 8:55 am od Masada » Moja Poezija - Ljuba Obradović3/5/2017, 2:16 pm od ljuba-trebotin » Lude Ludule je usamljen13/3/2017, 7:27 pm od Lude Ludule » Ostavi mi snove...16/1/2017, 10:22 pm od usamljeni.maslacak » Nema te13/12/2016, 9:48 pm od ladykatarina » Nekada i sada12/12/2016, 2:29 pm od Malicrni » Nešto novo12/12/2016, 9:29 am od Malicrni » KORAKOM SNOHVATICA...- Najda M. vs Pajac Hus29/11/2016, 6:54 pm od Najda M. » Negde između dva sveta19/10/2016, 10:48 pm od meseceva rosa » Iskrice...13/10/2016, 12:42 am od ... |
|
|