| Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... | |
|
+4midjika Masada Najda M. mackica 8 posters |
|
Autor | Poruka |
---|
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 28/3/2011, 2:08 am | |
| Толку огнови искреа во нејзините очи ниеден незгаснат ниеден несопрен ја обземаа им се предаваше беше роб на сопствената страст роб на сопствената желба да покаже да докаже на моменти толку слободна на моменти повторно роб на лавиринти нескролтив танц од емоции | |
|
| |
Najda M.
Broj poruka : 4997 Datum upisa : 12.10.2010
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 28/3/2011, 2:11 am | |
| | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 28/3/2011, 2:14 am | |
| | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 28/3/2011, 2:18 am | |
| Замижи и за момент стопи се на врвот од усниве… како бакнеж нежно погали ме… да ја почувствувам твојата влажност на моето постоење... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 28/3/2011, 2:42 am | |
| Последна во ноќта.... Те испраќам... Прва во утрата... Те дочекувам... Добро утро најмил... Се надевам топло ти е на душата... Топло на срцето... Знаеш го чував од неволји... И сите твои соништа на нишка ги нанижав... Покрај моите... Едно црвено топче....твое... Едно розево.... мое... Некако шарено... А убаво е... Последна во ноќта.... Да те испратам... Прва во утрата... Да те дочекам... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 28/3/2011, 3:56 am | |
| Еднаш те прашав дали веруваш во љубовта? Збунето ме погледна... Но не се сеќавам на одговорот... Само ти ги отворив вратите од мојот свет... Она мало катче во кое уживам... Во кое се враќам секогаш... Како во засолниште... Знам дека ти реков дека мојот свет е полн со љубов... Ако се сака се` се може... Заедно можеме повеќе... Заедно е полесно да се истргаат трњата од патот... Ружите овенале некогаш... Можеби никогаш не ни процветале... А трњата боцкаат... Болат... Кога знаеш што се` си дал... И јас крварам од моите трња... Но дишам во едно ново време... нов простор... тука кај што сме заедно... јас и ти... Заедно е полесно да научиме да чекориме... фатени за раце на климави нозе... Но во свет исполнет со љубов...
Poslednji izmenio mackica dana 2/4/2011, 1:14 pm, izmenjeno ukupno 1 puta | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| |
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 28/3/2011, 3:22 pm | |
| Задња је реч на уснама... Као задњи уздах... И бол у грудима... Не суди људима... Грешке им се таложе на душу... Клетве доносе само сушу...
Poslednji izmenio mackica dana 2/4/2011, 6:03 pm, izmenjeno ukupno 1 puta | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 29/3/2011, 1:15 am | |
| Јас немам ништо... А ти си доживеал се... Што можам да ти понудам... Со што да те засладам... Застана во срцево... Таму те чувам... Ја имам и љубовта и онаа малку фантазија, која ги скокотка мислите... Ти си имал се... Или немаше ништо? Незнам. А посакувам за момент да сум една твоја мисла, да прелетам и дознаам што те врзува за мене... Ти си за мене остварување на еден сон... Се она што посакував... Што сонував денес го живеам... Но... Ти кажи ми зашто ме воспеваш толку... Што ме прави посебна и поразлична од другите во твоите очи... А искрат кога со блага насмевка ме погледнуваат... [center] | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 29/3/2011, 2:49 pm | |
| Денес е ден на солзите… Пушти ги нека истечат… Нека исплачат… Исчезнат… | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 29/3/2011, 6:37 pm | |
| Во грч од болка се собирам... По којзнае кој пат одбирам во мојот свет да се затворам во клопче да се претворам да се наоружам со боцки привидно да го гледам светов во коцки... Не можам повеќе вака... колку и да не ми се сака... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 30/3/2011, 5:33 am | |
| Лузна на длакниве го пара колажот убави спомени... Раните залечени... ... а сеуште болат... Крвта суште свежа и топла... ... сеуште лие ... паѓа ... ... капка по капка... како што отчукуваат стрелките на часовникот... Жилетот танцуваше нежно по мојата кожа... ... ме галеше ... и заедно уживавме ... Болката... ...мојот идентитет... Мојата реалност... Единствениот доказ дека сеуште ЖИВЕАМ... ПОСТОЈАМ.... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 1/4/2011, 2:17 am | |
| Толку многу болка собрана во една душа... толку жедност за два мали погледа... две слатки прегратки... И неизвесност меѓу нив... Простор и време како далечност и вечност параат рани... Мигови толку долги, а кратки за сета среќа да се почуствува да се осети мирисот кој бледи... Непознати прашања... Без одговор... само надеж... и сонови... за едно поубаво заедничко утро... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 1/4/2011, 3:45 pm | |
| Денес ќе сум вила да ти ги исполнам сите желби... Да ти го разубавам денов... Зашто можеби денес е се` возможно... Иако на шегата и нема крај... Денес ќе сум вила и ќе ти ги исполнам сите желби... Само посакај.... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 1/4/2011, 7:02 pm | |
| Се навраќам кон тебе како кон мисла...
потреба...
нужност...
реалност...
слика...
сениште
кое ме прати...
или го следам?
незнам.
или знам?
ама не признавам.
А ни ти не признаваш
дека имаш толку топлина,
која привлекува,
и болка која те боли...
не признаваш.
не се даваш.
чуваш се` за себе.
на моменти изгледаш себично.
на моменти не.
од што си создаден,
таков каков што си
потребен?
не секому,
туку на тие што им требаш... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 2/4/2011, 1:52 am | |
| Дали сум ти убава? … соголено тело … … соголена душа … … соголена вистина… Дали сум ти убава?… | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 2/4/2011, 2:14 am | |
| Во танцот на пепрутките ги љубам твоите усни... Раскрилени мали... И весели... Бакнежи те милуваат... Ги чуствуваш... Убаво ти е, нели? Па зашто прашувам...? Кога сјајот во твоите очи говори... Дека танцот на пеперутките те возбудува... И уживаш. | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 2/4/2011, 9:12 pm | |
| Ми зададе удар... ниско доле... ми клецнаа коленава... само што не паднав... а ме издиша... ме остави без здив... како да имам грутка во грлово непроголтана... Добро, едно прашање ме мачи.... Дали и моиве локни ќе те подсетат на неа...? И пак ли ќе ме споредиш со неа...? Па не сум она и никогаш нема да бидам.....! Зарем заборави која стои покрај тебе? Која ти е потпора кога паѓаш? Која те засмејува кога ти е тешко? Која те гушка најсилно? Која те љуби страсно? Која ја врати смислата во твојот живот? Барем ова се твои зборови... Кажи ми зарем заборави? Зарем сум толку прозирна во нејзината сенка? Боли. Гори. Убива. Чуствово. | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 3/4/2011, 2:43 am | |
| Ја навиткав косата во локни, за да си бидам поубава, за да ти бидам тебе поубава, да се чуствувам поубаво, да сменам нешто на себе, менувајќи длабоко во себе. Ми требаше промена, ми требаше мотив. Толку пати помислив, ниеднаш не се осудив, а убаво е да си нова, во истата кожа, да си свежа, со истата насмевка, да си поинаква, со истата едноставност... Истата јас. | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 4/4/2011, 3:51 am | |
| Дали продрев во твојата суштина? Твоето битие? Она што од сите сакаш да го сокриеш?... Можеби сум млада, за твоето искуство, но доволно возрасна, за твоите желби... Сакав да знам... Сега знам... Но, се сомневам, дали навистина е толку лесно, да се продре во суштината на постоењето, на една посакуваност... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 4/4/2011, 3:52 am | |
| Јас цртам со зборови... Мојата четка е моето перо... Шарам со моите бои - мисливе. Дишам низ мирисот на платното... Онака оптегнато помеѓу четири краеви. Сликам слики за замислени предели... Позадината е мојта подсвест - она што никогаш нема да го изговорам. Што никогаш нема да го кажам... Затоа погледни подлабоко во моите слики, затоа што тоа не се обични зборови!
Poslednji izmenio mackica dana 4/4/2011, 3:53 am, izmenjeno ukupno 1 puta | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 4/4/2011, 3:52 am | |
| Знаеш ли да сонуваш со очите отворени? Знаеш ли да погледнеш подалеку од дрвото, а да не се изгубиш во шумата? Знаеш ли без страв да го отвориш срцето за љубов? Знаеш ли што значи без грч во душата да се насмевнеш? Знаеш ли и можеш ли да се ослободиш од своите стравови? Можеш ли? Барем за миг... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 5/4/2011, 6:09 pm | |
| Искра: -кој знае да гледа, ќе има што да види.. -кој знае да прочита од надворешноста, ќе ја осознае внатрешноста... -ако гледаш подалеку од очите, ќе видиш многу нешта кои не си можел да ги видиш.. . | |
|
| |
Masada Administrator
Broj poruka : 9712 Godina : 63 Location : Zemun Humor : Jok Datum upisa : 05.10.2007
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 7/4/2011, 11:26 am | |
| И слика и стих. ____________________________________________ Kuda tako žurno ti ratniče hodiš ? Ka sudbini !
| |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 7/4/2011, 12:21 pm | |
| | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 7/4/2011, 12:22 pm | |
| Можеш да ме имаш кога ќе посакаш... онака во мислите... во чуствата... само твоја... безрезервно предадена... на страста... на тојата машкост... Малку луда... Излудена... Во илузија... како нежно танцувам... во твојата прегратка... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 9/4/2011, 1:05 am | |
| Моите успеси и падови се јавни.... Ништо не кријам... Ова сум јас... Мојата душа... Моето срце... Моето се`... За се` ти кажувам... Имам потреба да споделам... Да кажам... Да ми се израдуваш... Да ти се израдувам... Не можам да држам во себе... А зарем немам и јас право да бидам лошо расположена? Да не ми е до ништо? Или тоа за тебе се само детски проблеми? Имај малку разбирање. Биди и ти малку покрај мене кога ми требаш. Не барам премногу... Барем мислам дека не е многу... Не заминувај од мене... Тоа е најлесно... Да се завртиш... Да не ме погледнеш... и да продолжиш... Уште една грутка земја позади себе... Ниту прва... ниту последна... Пак истата приказна, а и ти назад по старо, а почнавме да живееме живот... Нешто што си пропуштил... Што сум пропуштила и јас... Не те молам... Само ќе ти речам не заминувај... Размисли. Одлучи. Можеш ли да издржиш со мене? | |
|
| |
midjika
Broj poruka : 1169 Godina : 49 Location : Beograd Humor : pa nije bas cunami, ali ima ga:) Datum upisa : 04.03.2010
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 9/4/2011, 1:15 am | |
| Nezno i Iskreno. (valjda se to najvise racuna) | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| |
| |
midjika
Broj poruka : 1169 Godina : 49 Location : Beograd Humor : pa nije bas cunami, ali ima ga:) Datum upisa : 04.03.2010
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 9/4/2011, 1:38 am | |
| znam taj osecaj, al meni iskreno dok citam..... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 9/4/2011, 1:46 am | |
| Ono je iskreno sta osecam ali nemogu spodelit s bliskim... Puno poljubaca :* | |
|
| |
midjika
Broj poruka : 1169 Godina : 49 Location : Beograd Humor : pa nije bas cunami, ali ima ga:) Datum upisa : 04.03.2010
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 9/4/2011, 1:54 am | |
| divno pises, nemoj da si tuzna....i taj strah valjda nekad zaspi...ti cekaj, mora trenutak doci... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| |
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 9/4/2011, 2:56 am | |
| Научив да паѓам... Да станам... Одново да се раѓам... Како реинкарнација низ песни се создавам... На тагата, болката и солзите често се оддавам... НЕ! Не се предавам... Научив да паѓам... Да станам... | |
|
| |
Najda M.
Broj poruka : 4997 Datum upisa : 12.10.2010
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 9/4/2011, 3:09 am | |
| - mackica ::
Научив да паѓам... Да станам... Одново да се раѓам... Како реинкарнација низ песни се создавам... На тагата, болката и солзите често се оддавам... НЕ! Не се предавам... Научив да паѓам... Да станам... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 9/4/2011, 8:16 pm | |
| | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 11/4/2011, 11:35 pm | |
| Секогаш сонуваше да биде невеста, во бел фустан, украсен со многу цветчиња. Живееше во својот сон. Посакуваше. Мечтаеше. Беше и принцеза. Имаше замок. Палата. Голем двор. Слуги ја слугуваа од сите околни дворови. Доаѓаа и си заминуваа. Се менуваа на смени. Те еден, те друг. Маѓепсан круг од обожаватели, кои звезди и симнуваа, свадби и кршетвки и ветуваа... А таа. Таа веруваше. Сонуваше. Мечтаеше. За својот принц. Оној вистинскиот кој ќе ја одведе некаде далеку... Подалеку од себичното секојдневие, кое сама си го сервираше како предјадење, јадење, ручек и вечера... А го зачинуваше со по некој налет и воздишка колку да се рече. Секогаш истата приказна со тажен крај, таа сама, со својата дадилка, полна пепељара пикавци и истата горчина во душата. Солзи наминуваа на секое нивно заминување... Редови песни и неискажани зборови. Напразно. Задоцнето. Погрешно. Страдаше. Патеше. Паѓаше. Ќе станеше. И никако да се освести. Да не ја згреши патеката по која сакаше да гази. А пуста желба за престиж и имање се` што немаше... Повторно погрешни избори... Непроспиени ноќи и неисполнети желби.... А сакаше да се храни со остатоци. На моменти беше мршојадец, газејќи по туѓите солзи, задоволувајќи се со туѓите остатоци... Заборавајќи колку боли. Колку газејќи по сите, се газеше себе си. | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 12/4/2011, 2:12 pm | |
| Извини што те болам.. Што ја горам секоја клетка на твоето безживотно тело... Изгледа предлабоко ти се всадив во нервните завршетоци, па изгледа уживаш да патиш... Продолжи, не ми смета. Баш напротив ќе се насладувам со твојата горчина. Оној пелин кој ти се насобра во грлото... Како грутка те гуши и дави... Сознанието: толку помала, нож во грб ти забоде... ... на тебе неодоливиот.. ..филозоф.. . светец... Оној кој знае премногу... за животот. за уживањето. насладувањето. Продолжи драги да пишуваш, но незнаеше тогаш кого повредуваш, со кого си играш, залажуваш... Продолжи. Можеме вака до вечноста... Можеме вака до вечноста: јас твоја, ти моја, инспирација... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 13/4/2011, 1:58 am | |
| Морам да престанам да ги пишувам моите песни... Морам да престанам да ти се обраќам преку нив... Индиректно... Еднаш го нарекоа тоа монолог... И тоа е тоа. Морам да се соочам со играта на твоите очи, да ти кажам како се чуствувам, се` што мислам.... Морам да соберам храброст да ти ја разголам душава. Еднаш тоа го направив... Можам пак. Морам пак. Неможам да се кријам позади моите дела... Создавам... Но и се навикнав да живеам преку нив. Преку овие зборови. Доста е. Сакам да чуствувам. Покажувам. Говорам. Љубов. Знам дека ја чуствуваш, но сепак сакам да ја кажам. Време е да ги напуштам дирките на мојот клавир и сите песни да ти ги пеам тебе... Без пратечи вокали... Време е да свирам и пеам истовремено. | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 13/4/2011, 8:14 pm | |
| Солзи од очите лиеме... Тагата и болката не можеме да ги скриеме... Тоа е посилно од нас, сите сакаме да го вратиме, пољупче да му пратиме... Не сакаше сите, без него тешки се дните... Многу неодговорени прашања лебдат над нашата глава, а штотуку ја започна својата светска слава... Зашто Боже АНГЕЛ ни зема, зарем и таму горе правда нема?... Не остави сите со уста подзината и во шокод болка да се гушнеме, надевајќи се дека не е вистина она што го слушаме... Со неверување веста ја примивме... И по три години не можеме да се помириме... Знам дека е тешко да живееш без некој, но мора да признае секој, СЕКОЈ ОД НАС ПОСАКУВА ДА ГО СЛУШНЕ ПОВТОРНО ТОЈ АНГЕЛСКИ ГЛАС, ВО НЕГОВИТЕ ПЕСНИ ДА НАЈДЕ УТЕХА И СПАС!!! | |
|
| |
meseceva rosa
Broj poruka : 3999 Location : u jutrima koja sanjare... Datum upisa : 25.08.2010
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 13/4/2011, 8:37 pm | |
| Divna pesma za angela Toseta... Kad mi je tesko pustim njegovu pesmu Tajno moja... Napisala sam dosta pesama o njemu:( ____________________________________________ Тамо где је љубав никад није мрак...
| |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 14/4/2011, 5:09 pm | |
| Хвала Месечева Роса... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 14/4/2011, 5:15 pm | |
| Шепни ми тајна бескрајна… Тајна неоткриена… Со почеток без крај… Најубава… Непозната… Тивка… Слатка… Нежна… Само тајна… Скриена… Неоткриена… Булка… Цвет… Најубав на цел свет… А само една тајна бескрајна… | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 14/4/2011, 5:32 pm | |
| Тешки воздишки... Тешки пранги кинам од душава. Паѓаат како ѓулиња... Директно на прстињата на нозете... Болат. Одзвонуваат лелеци! Потекуваат. Рани... Крваво бликаат... Коски скршени. И скелет обесен на закачалка. Висат. Црнила во очите насобрани... Наместо солзи. Пресуда. И гребења со нокти по рапави ѕидови... Кожа збрчкана од стисок. Безчуен врисок. Крик. И еден скршен сон. | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| |
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 18/4/2011, 2:30 am | |
| Занемаруваме болка - за неколку минути среќа...Занемаруваме рани - за неколку мига радост...Занемаруваме облаци - за неколку сонца...Занемаруваме солзи - за возврат од бесценети насмевки... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 19/4/2011, 8:37 pm | |
| Прости што неможам да сум повеќе иста... Прости на мојот срказам... Мојата арогантност... Мојата болка... Ова беше превише... Уште една шлаканица. Добро утро. Соочи се. | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 20/4/2011, 12:59 am | |
| Ајде! Животе удри ми уште една шлаканица... Удри! Не жали. Удри! Немај милост... нежност уште помалку! Навикнав. Пад по пад... МАЛКУ Е... очигледно треба уште... Уште многу... Уште повеќе... ДО КОГА? Треба здив да испуштам... па да се опуштам... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 26/4/2011, 9:29 pm | |
| Збогум животе... Заминувам... Се качувам на последниот брод на заборавот и одпловувам... Доста беше чекорење по ивиците на светот... Стапалата распарани, крварат... Исекотини на сите страни, а место сеуште има... Претрупани рани, една врз друга се туткаат, како пикавци во тесен пепелник... само чадот на болката испарува. Прости животе, во куферот има место само за еден спомен. Најубавиот. Најсвежиот. Најтоплиот. Оној најслаткиот. Вредеа сите болки и страдања само за сознанието дека постои... Миг. Вечност. Наша. Збогум животе... Одпловувам... во сонот можеби... | |
|
| |
mackica
Broj poruka : 168 Godina : 37 Location : Skopje Datum upisa : 28.03.2011
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... 26/4/2011, 10:11 pm | |
| Очите полни солзи, голтаат тага... голтаат горчина... немо сведочат, а без глас... распнати меѓу светови и една желба... последна... единствена... | |
|
| |
Sponsored content
| Naslov: Re: Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... | |
| |
|
| |
| Ogledalo jedne duse... this is me... my dreams... my fantazy... my reality... | |
|